Хадсон-Одои дебитираше со мајсторски гол за Нотингем и донесе бод против Барнли! (ВИДЕО)
Барнли поведе со гол на Амадуни пред крајот на првото полувреме. Со предност од 1-0 за гостите се замина на одморот.
Во 62. минута Хадсон-Одои постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1. Ова беше негов деби натпревар за Нотингем форест.
15 минути подоцна Барнли даде уште еден гол, но им беше поништен поради играње со рака.
Пред самиот крај, напаѓачот на Барнли, Фостер доби директен црвен картон откако со лакт удри противнички играч.