Гвардиола во шопинг: Сити ќе купи уште три големи засилувања!?

Манчестер сити го потврди трансферот на Феран Торес, а наскоро се очекува промоција и на Нејтан Аке од Бормут, но тука не планира поранешниот англиски шампион да застане.

Тренерот Пеп Гвардиола сака уште пет засилувања, па Сити следната сезона би можел да изгледа поинаку.

Прва желба на Гвардиола е Лаутаро Мартинез од Интер, кој би требало да биде замена за Серхио Агуеро.

Исто така, „граѓаните“ планираат засилување во одбраната, а на листата со желби на Пеп се наоѓа Калиду Кулибали од Наполи.

Последно засилување за Гвардиола треба да биде Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, но тоа ќе биде тешко да се оствари, со оглед на фактот дека шпанскиот тим нема намера да го продаде.