Гвардиола: Потпишавме со Грелиш, бевме убедени дека Меси ќе остане во Барселона

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го искоментира моментот дека Лионел Меси нема да ја продолжи кариерата во Барселона. 

Синоќа во истиот момент, кога Барселона обајви дека не е во можност да потпише договор со Лионел Меси, англискиот шампион го промовираше трансферот на Џек Грелиш од Астон Вила за 100 милиони фунти.

„Потрошивме многу на Џек Грелиш и тој ќе ја носи 'десетката' во тимот, бидејќи ние сме убедени во неговите квалитети. Ние мислевме дека Меси ќе остане, бевме убедени во тоа. Но, сега Меси не е во нашите планови“, изјави Гвардиола.