Гвардиола има една лоша и две добри вести пред еден од - мечевите на сезоната!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, денеска потврди дека норвешкиот репрезентативец, Ерлинг Халанд, не е подготвен да настапи на утрешната пресметка на гостински терен против Брајтон.

Каталонецот, пак, на прес-конференција потврди дека Фил Фоден и Џон Стоунс се опоравиле од полесни повреди и дека ќе се најдат во тимот на оваа средба.

„Халанд дефинитивно нема да биде во тимот. Повредата не е сериозна, но тој не е доволно подготвен за утре. Но, Фоден и Стоунс се враќаат во тимот и можеме да сметаме на нив, шпто е и тоа како добра вест“, изјави Пеп.

Менаџерот на „граѓаните“ повторно само во суперлативи за Роберт Де Зерби, кој седи на клупата на утрешниот ривал.

„Дуелот на гости кај Брајтон уште во старт го означив како еден од најтешките натпревари во сезоната. Овој тим игра неверојатен фудбал и нема да ни биде воопшто лесно“, изјави Пеп.

Сити на оваа средба брка победа со која би се приближиле кон првото место на табелата во Премиерлигата, каде што во моментов е Арсенал со 77 бодови, четири повеќе од составот на Гвардиола, кој има и две средби помалку. Помеѓу нив е Ливерпул со 74 бодови и еден меч помалку во однос на „топчиите“, а еден повеќе во однос на тимот од Манчестер.