Гвардиола доби два меча суспензија, но ќе седи на клупата на најважниот!
Гвардиола нема да биде на клупата на мечот против Вест Хем во Премиер лигата кој се игра на 14 март, како и на дуел од четвртфиналето од ФА Купот во првиот викенд од април.
Но, суспензијата нема да му важи за финалето од Лига Купот на 22 март против Арсенал иако овој меч е меѓу двата на кои е суспендиран.
Гвардиола беше многу нервозен на вчерашниот меч против Њукасл, а таков беше и на прес-конференцијата по мечот и покрај победата на Сити.