Гвардиола доби буџет од 300 милиони евра за да го врати трофејот во Премиерлигата

Манчестер сити се спаси од суспензијата на УЕФА за настап во европските натпреварувања, откако нивната жалба беше прифатена од Судот во Лозана, а сега премиерлигашот планира да потроши нови 300 милиони евра за да ја врати титулата во Премиерлигата.

„Граѓаните“ ќе потрошат на засилувања повеќе од 300 милиони евра следната сезона, а веќе се шпекулира за некои фудбалери кои би можеле да го облечат дресот на Сити.

Тренерот Пеп Гвардиола сака да ја реновира одбраната, па според „Спорт“ во конкуренција за нов централен дефанзивец се Калиду Кулибали, Диего Карлос и Милан Шкриниар.

Исто така, „граѓаните“ бараат замена за Лирој Сане, а планираат да купат и нов напаѓач.