Гранада и Хетафе во жестока битка за потписот на репрезентативецот Димитриевски

Двата клуба од Ла Лига, Гранада и Хетафе водат моментно жестока битка кој да го купи македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, „единицата“ на Рајо Валјекано, објавија шпански медиуми.

Од поодамна беше најавено дека три клуба имаа сериозен интерес, а еден калчолигаш (сасуоло)се распрашувал за македонскиот голман и дека Хетафе е во предност, но финансиската понуда од Гранада е нешто поголема од таа на мадридскиот клуб. Еибар и Сасуоло беа другите два клуба, но сега битката за Димитриевски е сведено на неговиот поранешен клуб и Хетафе.

Претходно шпански медиуми објавија дека за македонската „единица“ попривлечна е понудата на Хетафе, зашто ќе остане да живее во Мадрид, но и поради начинот на игра и цврстата одбрана, но од друга страна доста примамлива е понудата на Гранада. Останува сепак Рајо Валјекано да се реши која понуда е поисплатлива за да го продаде.

Според најавите многу брзо може да се случи трансферот на Димитриевски и неговото враќање во Ла Лига, каде после оваа сезона засега македонски претставник остана Енис Барди со Леванте, додека Александар Трајковски со Мајорка испадна во Сегунда.

Димитриевски во Рајо Валјекано дојде од Гимнастик Тарагона и има договор до 2024 година, а е бивш фудбалер на Работнички, кој за 600 илјади евра замина во Удинезе, но не заигра за италијанскиот клуб, а потоа беше на заем во Гранада и има еден настап во Ла Лига, а најмногу играше за вториот тим на овој клуб.