Горецка и Милер го носат Баерн Минхен на чекор до три бода (ВИДЕО)

Баерн Минхен води со 2-0 на „Алијанц Арена“ против Ајнтрахт Франкфурт во 27. коло од германската Бундеслига, па така Баварците се наоѓаат на чекор до нови три бода.

Леон Горецка во 17. минута стрелаше за 1-0, по што Томас Милер во 41. минута зголеми на 2-0.