Горан Пандев од клупата ќе го почне дербито против Милан!

Екипата на Џенова во денешниот пладневен термин ќе му гостува на фаворизираниот Милан (12.30 часот), во меч кој капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, ќе го почне од клупата.

Според најавата на спортскиот весник „Ла Газета Дело Спорт“, Македонецот ќе чека шанса да влезе во игра најверојатно во второто полувреме, секако во зависност од резултатот. Домаќинот, пак, на овој дуел ќе настапи без својата најголема ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ, кој ја „одработува“ суспензијата од еден меч поради црвениот картон добиен на претходниот дуел на „росонерите“ против Парма.

Златан тогаш беше изненадувачки исклучен поради нешто што дофрлил кон судијата, на што Милан се жалеше, но не успеа да издејствува да се поништи картонот.