
Голем удар за Ливерпул: Еден од најдобрите ќе ги пропушти Челси, Реал, Сити...!
Неговото отсуство доаѓа во тежок период за „црвените“, кои веќе врзаа два пораза. Алисон ќе ги пропушти дуелите со Челси, Манчестер јунајтед и Манчестер сити во Премиерлигата, како и натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. На неговото место под голот ќе застане Гиорги Мамардашвили, кој летово пристигна од Валенсија и беше планиран како долгорочно решение за Ливерпул.
Алисон оваа сезона беше еден од најдобрите играчи на тимот од „Енфилд“, па останува да се види колку ќе се почувствува неговото отсуство во клучниот дел од есенскиот календар.