Голем удар за Ливерпул: Алисон ќе ги пропушти дуелите со Челси и Арсенал!

Бразилскиот голман Алисон Бекер со години е главен меѓу стативите на Ливерпул, но на последниот меч се повреди и медицинските прегледи покажаа дека ќе паузира околу шест недели.

Тоа значи дека ќе ги пропушти следните натпревари на неговата селекција, но и на Ливерпул, а се очекува на теренот да се врати дури по паузата за репрезентативни дуели во ноември.

Ливерпул ќе биде без Алисон на дуелите против Челси, Арсенал и Астон Вила во Премиерлигата, но и против Лајпциг и Баер Леверкузен во Лигата на шампиони.

На голот на гигантот од „Енфилд“ на дуелите ќе застане чешкиот чувар на мрежата Витеслав Јарош.