Реал Мадрид со голем гест: Култниот „Сантијаго Бернабеу“ стана болница!

Фудбалскиот стадион на Реал Мадрид - „Сантијаго Бернабеу“ ќе се претвори во складиште за чување донации на медицински материјали во борбата против коронавирусот.

„Кралскиот клуб“ и самиот донираше значителни средства за медицински материјали, а овој пат на располагање го стави и својот култен стадион.

Голема благодарност до Реал Мадрид за нивниот многу важен придонес во борбата против коронавирусот и помошта во спасување животи, истакна шпанскиот политичар Дијаз Ајузо, кој е претседател на мадридската општина.

Шпанија има 56.187 случаи на зараза и повеќе од четири илјади починати од коронавурусот кој зазема се поголем замав во Европа.

Спортисти и клубови, бизнисмени, разни организации и други донираат големи пари во Шпанија за борба против вирусот корона.