„Голацо“ на Мемфис Депај: Лион го урна ПСЖ (ВИДЕО)

Мемфис Депај со својот деветти сезонски гол му донесе триумф на Лион од 2-1 против ПСЖ во дербито на Лига 1. 

 Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши со реми, Холанѓанецот ја презема одговорноста и со „бомба“ од 20 метри го матираше Алфонс Ареола.

Реалноста е дека сите три постигнати голови беа вистинско ремек-дело. Набил Фекир го отвори резултатот во втората минута од слободен удар, а „светците“ израмнија во судиското продолжение на првиот дел преку Лајвин Курзава со прекрасен волеј.

ПСЖ играше со играч помалку повеќе од половина час, поради црвениот картон на Дани Алвеш.