Го постигна најбрзиот гол во историјата, па доби чудна порака! (ФОТО)

Шејн Лонг во дресот на Саутемптон го постигна најбрзиот гол во историјата на Премиерлигата, откако тоа му успеа за само 7,69 секунди против Вотфорд.

Лонг откри како успеал да го постигне погодокот, иако може да забележиме и дека среќата го послужи.

„Тренерот кажа веднаш да направиме притисок. Убаво е да си рекордер. 99 пати од 100 обиди никој не може да изблокира исфрлање на топка. Но мене ми успеа и јас го искористив тоа“, вели Лонг.

Најпрво беше објавено дека Лонг постигнал гол по шест секунди, а тоа го натера легендарниот Вини Џонс да се огласи на Твитер.

„Пробај да добиеш жолт картон за пет секунди“, напиша легендата, кој беше познат како груб фудбалер.