Ѓокереш влезе во војна со Спортинг, никогаш повеќе нема да заигра за португалскиот клуб!

Виктор Ѓокереш нема намера да се врати во Лисабон и да се пријави на подготовките за новата сезона, напаѓачот го известил претседателот на Спортинг дека никогаш повеќе нема да заигра за клубот.

Делегација на Арсенал минатата недела беше во Лисабон на преговори очи во очи со своите колеги од Спортинг, се најавуваше дека двете страни се блиску до договор, но поминаа пет дена и нема никаков абер за трансфер.

Се говори дека зделката може да пропадне и „топчиите“ да се насочат кон други цели, нешто што очигледно не му се допаѓа на Виктор Ѓокереш.

Па како што пренесува новинарот Дејвид Орнштајн, Швеѓанецот нема намера да се врати во Лисабон и да се пријави (во сабота) на подготовките за новата сезона.

Наводно Виктор Ѓокереш му порачал на претседателот на Спортинг дека никогаш повеќе нема да заигра за клубот.

Голгетерот веќе си има подадено рака со Арсенал за петгодишна соработка и чека двата клуба да постигнат договор за висината на обесштетувањето.