Гигантите се „тепаат“ за фудбалер на Реал Сосиедад!

25-годишниот дефанзивен фудбалер од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди е на цена, за него се интересираат речиси сите најголеми клубови.

Последните информации велат дека во трката по Зубименди се приклучува и Реал Мадрид.

Претходно фудбалерот се поврзуваше со Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал. Сите овие клубови се борат за неговиот потпис.

Интерес имаше и од Барселона, но каталонскиот клуб е надвор од трката поради финасиските проблеми со кои се соочува.

Актуелниот договор на Зубименди со Реал Сосиедад истекува во јуни 2027 година, што значи дека кој и да го купи ќе треба добро да го одврзе ќесето. Неговата вредност според Трансфермаркт е 60 милиони евра.