Ги изненади сите: Ѕвезда на Барселона дојде на натпревар со – велосипед! (ВИДЕО)

Барселона вечерва на „Камп Ноу“ игра градско дерби против Еспањол во рамки на 35-то коло во Ла Лига.

Сигурно е дека не очекува многу интересен дуел вечерва, затоа што Барселона мора да слави ако сака да остане во чекор со Реал Мадрид кога е во прашање титулата, додека на Еспањол му требаат поени во грчевитата борба за опстанок.

Натпреварот во Барселона ќе се игра од 22 часот, а фудбалерите веќе пристигнаа на стадионот. Но, никој немал такво пристигнување на „Камп Ноу“ како Жерар Пике.

Дефанзивецот на Барселона ги изненади сите бидејќи дојде на натпревар со велосипед, и само прелета покрај новинарите кои некако успеале да го снимат.