Германците открија кога ќе се вратат навивачите на стадион

Бундеслигата е една од првите лиги која се врати по пандемијата на коронавирусот. Клубовите покажаа дека може да се игра и да се почитуваат протоколите и правилата на Владата.

Сезонава ќе се доигра, по што следи летната пауза во која до 11 септември нема да се игра фудбал на германските терени.

Сепак, одлична вест е тоа што се очекува враќање на навивачите со стартот на следната сезона. Со одредени мерки и протоколи гледачите ќе може да уживаат во фудбалските натпревари од стадоните ширум Германија.