Германците го почнаа планот како да ги вратат навивачите на стадионите

Германија веќе ја заврши сезоната која се доигра експресно после тримесечната пауза предизвикана од коронавирусот, па Бундеслигата полека ги прави плановите за следната сезона во која желба им е да се вратат навивачите, но сето тоа нема да оди така брзо и едноставно.

Германија многу брзо после сериознот удар на Ковид-19 рестартираше сè во земјата, покажувајќи дека со дисциплина и почитување на мерките може да функционира животот и спортот, а најголема победа им е што освен што веќе ја завршија фудбалската сезона, не се појави заразен среде дигрувањето.

И сега Германците размислуваат за враќање на гледачите, но за разлика од некои земји не сакаат да избрзуваат свесни дека може да направат поголем проблем севкупно. Германската лига (ДФЛ) најави дека веќе работи на планот и разговара со министерството за здравство.

„Јавните и масовни собири се забранети до 31 октомври освен ако немаат хигиенски процес и протокол и после тоа да може да се следат посетителите. Ние работиме на насоки, планови за враќање на гледачите, имаме разговори и некои првични идеи ги разменуваме со министарството за здравство“, вели Кристијан Зајферт, директорот на ДФЛ.

Тоа што е сигурно, а го најавува Зајферт, плановите за враќање на гледачите ќе зависи од секој регион пооделно, како коронавирусот се шири во локалното подрачје. Но, додаде дека во овој период на доигрувањето дисциплината што ја покажале навивачите, да не се собираат пред стадионите да навиваат, му даваат надеж дека може да ги почитуваат сите протоколи што би биле одобредни за да може да се отворат капиите на стадионите.

Според првите најави, ако остане на сила одлуката за масовни собири до 31 октомври, што би значело дека сезоната би почнала сепак без гледачи, се размислува да се дозволи присуство на гледачи потоа под строг надзор, навивачите да биат на дистанца преку две столчиња, а еден ред над и под нив да биде празен.