Генијален или ризичен план: ПСЖ ќе чека Де Хеа да биде слободен, за да го купи за беспари

ПСЖ размислува да почека уште сезона за да стигне до Давид де Геа, за да го донесе како слободен играч на „Паркот на принцовите“. Раководството на „светците“ на состанокот со агентот на шпанскиот голман, кажало дека сакаат да го ангажираат како слободен играч, наместо да платат 60 милиони фунти, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Причина за ова се проблемите кои ги имаат парижаните со Финансискиот Фер Плеј. Тие стравуваат од казна па затоа се внимателни. Де Геа има уште една година од договорот со „ѓаволите“.

Иако, Шпанецот минатите сезони беше еден од најдобрите поединци на клубот од „Олд трафорд“, сепак сезонава тој беше катастрофален и беше директен виновник за изгубените бодови на последните мечеви од сезоната.