Газдите на Рома пресекоа: Дибала и уште десетина фудбалери можат да си одат во јануари
Газета дело спорт денеска објави дека се подготвува голема реконструкција на тимот при што на трансфер листа се ставени десетина фудбалери. Најзвучно име меѓу нив е Пауло Дибала, а екипата можат да ја напуштат уште Брајан Кристанте, Лоренцо Пелегрини, Џанлука Манчини, Леандро Паредес, Стефан Ел Шарави, Марио Хермосо, Зеки Челик, Никола Залевски итн.
Прашање е како раководството на Рома планира сето ова да го изведе во јануари кога е неизвесно дали може да најде вистински замени, а во исто време екипата е на само два бода од зоната за испаѓање. Планирани се неколку влезни трансфери, но се зависи од тоа дали ќе се најдат купувачи за сегашните играчи на Рома.