Гарначо го напушта „Олд Трафорд“ и се сели во Италија
Кварацхелија јавно побара да го напушти поранешниот италијански шампион, а тоа го потврди и тренерот Антонио Конте, по што Наполи тргна по потписот на Гарначо од редовите на „црвените ѓаволи“.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Гарначо е подготвен за нов предизвик, а исто така „ѓаволите“ сакаат да преговараат за продажба на Аргентинецот.