Самсоненко му го дава тренинг центарот на Вардар во замена за долговите кои ги направил!

Тренинг центарот во Хиподром кој е во сопственост на Сергеј Самсоненко, наскоро ќе му биде предаден на Вардар.

Вардар го користи тренинг центарот во Хиподром, фудбалерите таму тренираат и функционираат, но тој се уште е во сопственост на Самсоненко.

Тоа наскоро ќе биде променето, договорено е новото раководство на Вардар да ги исплати долговите направени во времето на рускиот газда, а за возврат да го добијат тренинг центарот во сопствеништво.