Фудбалер на Валенсија одби да позира со пораката за анти-расизам - има причина за тоа!

Пред почетокот на денешниот меч меѓу Мајорка и Валенсија, фудбалерите на двете екипи позираа пред банер против расизмот, сите играчи освен еден.

Се работи за фудбалерот Муктар Диакабу, додека другите се сликаа, тој не сакаше да позира па се повлече назад.

Фудбалерот на Валенсија пред две години бил жртва на расизам, но тогаш никој не бил казнет поради тие испади кон него.

Веројатно во знак на револт поради тоа што неговиот случај поминал речиси неприметно, Диакабу одбива да учествува во анти-расистички церемонии во фудбалот.