Фудбалер на Ливерпул избран за најдобар млад играч во Премиерлигата!

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, е избран за најдобар млад фудбалер во Премиерлигата за сезоната 2019/20.

Тој беше еден од клучните фактори за шампионскиот поход на тимот предводен од Јирген Клоп. Трент ги одигра сите 38 лигашки натпревари, во кои оствари 13 асистенции и постигна четири погодоци.

Бројката од 13 асистенции е рекордна во Премиерлигата кога станува збор за бекови, а воедно беше втор најдобар асистент зад ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Бруин. Во одиграните средби, Трент во 12 ситуации му помогна на Ливерпул да сочува гол, што дополнително го потврдува неговото влијание во одбраната, еднакво како во нападите на црвените.