
Фудбалер на Јунајтед уште на првиот меч го има – промашувањето на сезоната (ВИДЕО)
„Ѓаволите“ ептен тешко го совладаа Фулам (1-0) со голот на резервистот Џошуа Зиркзе во 87. минута и тоа на асистенција токму на Гарначо. Но, тоа што се случи подоцна е нешто што не се гледа секој ден. По големата грешка на Калвин Баси, дефанзивецот на Фулам, Маркус Рашфорд му ја додаде топката, а Гарначио имаше празна мрежа пред него. Тој, сепак, се збуни и наместго во голот ја испрати топката далеку од него со што ептен се посрамоти пред домашните фанови.
Колку го погоди ова промашување и дека сака многу оваа сезона покажува неговата реакција на крајот од натпреварот. Јунајтед долго се мачеше, дури и Фулам имаше подобри прилики за гол, но не успеа да ги искористи.