Фостер му подари важни три бода на Арсенал! (ВИДЕО)

Арсенал успеа да освои три бодови на гостувањето кај Вотфорд (1-0), откако голманот на домаќините Бен Фостер ги „почести“ противниците со неговата грешка.

Пјер Емерик-Обамејанг постигна изненадувачки погодок во 10. минута од мечот, откако Фостер направи голема грешка и се обиде да ја исфрли топката, но таа заврши во ногата на напаѓачот на Арсенал, а потоа ја затресе мрежата.

Само една минута подоцна следуваше нов шок за домаќините, откако Трој Дини доби директен црвен картон, поради удар со лакт врз противнички фудбалер.

Во продолжение од мечот двете екипи создадоа неколку добри шанси, но мрежите успеаа да мируваат.

Арсенал сега се искачи на четврто место со 66 бодови, односно еден бод помалку од третопласираниот Тотнем.