Фонсека од автомобил потврди дека веќе не е тренер на Милан! (ВИДЕО)

Вчерашниот меч против Рома беше последен за Пауло Фонсека како тренер на Милан, тој доби отказ, а на негово место ќе биде назначен Серџо Консеисасо.

По натпреварот Фонсека од својот автомобил на новинарите им потврди дека заминува од Милан.

„Да, го напуштам Милан. Тоа е животот, свесен сум дека направив се што можев“, кратко изјави Фонсека.