Флик направи голема грешка, навивачите на Еспањол му подготвуваат пекол! (ВИДЕО)

Германскиот тренер Ханси Флик ќе ја предводи вечерва Барселона на гостувањето кај Еспањол од 21.30 часот, а пред натпреварот направи грешка која нема да му ја простат навивачите на домашниот тим, односно помина преку грбот на противничкиот клуб.

Потегот на Флик предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, со што дополнително ја „загреа атмосферата“ пред вечерашното градско дерби, а шпанските медиуми пишуваат дека навивачите на Еспањол му подготвуваат пекол.

Долго време владее нетрпеливост меѓу двете екипи, а навивачите на Еспањол сметаат дека Флик со неговиот потег покажал непочит кон нив и затоа вечерва ќе имаат „специјален поздрав“ за него од трибините.

Барселона вечерва има шанси да ја освои титулата во Ла Лига доколку успее да слави против Еспањол бидејќи има предност од четири бодови пред Реал Мадрид на две кола пред крајот.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/FC Barcelona