Флик: Ако се држиме до планот, можеме да го победиме секој тим!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик е вели дека неговите момци се способни да го победат било кој тим, но само доколку се држат до планот поставен од него.

Барселона игра одлична сезона и е во игра за тројна круна. Тие се во полуфиналето од Лигата на шампионите, во финалето од Купот на Шпанија и се лидери во Ла Лига.

„Имаме способност да го победиме секој тим, но само ако се држиме до планот“, вели Флик.

„Се разбира, се ближиме до крајот и не е лесно да се победува во оваа фаза бидејќи секој тим се бори за нешто“.

„Не знам што ќе се случува, но ако ги видите последните мечеви, пример против Селта или Билбао, ќе видите дека не беше лесно“.

Флик проговори и за повредата на Роберт Левандовски.

„Се надеваме дека Левандовски ќе се врати за големите натпревари. Не знаеме уште, треба да почекаме. Во овој момент не знаеме колку долго ќе биде во аут и не сакаме да кажеме ништо“.