ФИФА го „закочи“ трансферот на Реал Мадрид од 120 милиони евра!

Трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид доцни поради спорот меѓу две агенции кои го застапуваат фудбалерот, а тоа се „Максидел Менаџмент“ и „Рок Нејшн“.

„Максидел“, кој минатата година, го договори трансферот на Диоманде од Леганес во Лајпциг поднесе тужба до ФИФА и тврди дека Реал Мадрид преговарал со агенцијата „Рок Нејшн“, која во моментов го застапува фудбалерот, а со тоа е прекршен нивниот претходен договор.

„Кралевите“ за трансферот на Диоманде се очекува да платат 122 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, но засега не е познато кога ќе биде реализирана преселбата.

Фото: RB Leipzig