ФИФА го казни Атлетико Мадрид поради надворешно влијание на трансфери

Атлетико Мадрид е казнет со 46.200 евра од страна на ФИФА поради „влијаење на трета страна“ при реализирање на трансфери.

Во соопштението на ФИФА пишува дека освојувачот на Лига Европа потпишал договор со играч, на кој имало „надворешно влијание“.

„Дисциплинската комисија на ФИФА го казни Атлетико Мадрид со парична казна од 46.200 евра и го предупреди поради кршење на правилникот за статус и трансфери на играчи. Откриено е дека клубот е одговорен за потпишување договор, кој овозможил на трета страна да влијае на независноста на клубот во врска со работата и трансферите, односно лажни информации се внесени во базата на Меѓународниот систем за регулирање на трансферите“, пишува во соопштението.

Инаку, Атлетико и претходно имаше проблеми со трансфери, но поради млади играчи, поради што им беше забрането да ангажираат играчи во одреден период.