
Фазлагиќ за пола милион евра во Висла Краков
Според информациите, Висла за Фазлагиќ ќе плати пола милион евра, а Жилина ќе добие и процент од идниот трансфер, па младиот фудбалер ќе се пресели во Полска. Фазлагиќ е поранешен фудбалер на Шкендија, кој во словачка Жилина замина пред три ипол години, во летото 2018 година.
Првично Жилина бараше еден милион евра поради што Висла се откажа за толку пари да го купи македонскиот репрезентативец и турски Галатасарај се заинтересира за да го ангажира, ама на крај по сѐ изгледа Полјаците успеале некако да ги убедат Словаците за младиот фудбалер за врска.
Фудбалерот за врска е актуелен младински репрезентативец на Македонија во селекцијата до 21 година, а играше за сите младински селекции и е дел од генерацијата со Елиф Елмас, Дарко Чурлинов, Јани Атанасов, која со репрезентацијата до 19 години играше елитни квалификации.