Фати не планира да ја напушти Барселона, освен ако не се јави Мурињо
Младиот напаѓач имаше понуди од Бетис и Севиља, ама ги одби, но весникот АС тврди дека сепак би заминал од Барса ако за него притисне Жозе Мурињо.
„Тренерот на Фенербахче, Мурињо го сака Фати на позајмица до крајот на сезоната. Смета дека тој би бил извонредно засилување во борбата за титулата во турското првенство“, пишува АС.
Со натпревар помалку, Фенербахче заостанува девет бода во однос на лидерот Галатасарај, а до крајот на сезоната има уште 16 кола. Фати има уште една недела евентуално да си замине од Барселона и да се избори за поголема минутажа оваа сезона.