Фан на Јунајтед вложил 55.000 фунти на Луверпул, па треперел од страв: Се плашев дека ќе ја прекинат лигата

Навивачот на Манчестер јунајтед, Тони Вард, решил да му верува на Ливерпул и тоа му се исплатеше.

Иако како и повеќето навивачи на Јунајтед тој не е многу среќен што Ливерпул е шампион, Вард се водел од разумот и заклучил дека е дојдено време тимот на Јурген Клоп да покаже дека е подготвен за титулата.

Тој вложил 55.000 фунти на почетокот на сезоната, пари што му ги оставила баба му пред да почине во 2017 година, а неодамна беше во можност да ужива во профит од 91.000 фунти.

Ливерпул ми изгледаше како тим што ќе ја освои титулата. Планирам да потрошам дел од парите на квалитетен одмор, а останатите ќе ги зачувам, истакна 55-годишниот Вард.

Тој признава дека бил загрижен сезоната дека нема да заврши поради пандемијата на коронавирус и покрај тоа што Ливерпул веќе имаше 25 поени повеќе од Сити во тоа време и беше јасно дека никој нема да го симне од врвот на табелата .

Ливерпул беше безбеден, им беа потребни уште шест поени и секако не би било фер ако ја откажеа сезоната и само ми ги вратија парите што ги платив, додаде Вард.