Евертон со страшен пресврт обезбеди опстанок во Премиерлигата! (ВИДЕО)

Евертон направи страшен пресврт и успеа да надополни два гола негатива по првото полувреме за да го победи Кристал Палас со 3-2 со што го завери опстанокот во Премиерлигата.

Сѐ изгледаше како кошмар на „Гудисон Парк“, дека опстанокот ќе мора да се брка во последното коло откако Евертон се најде во огромен заостаток за 15 минути во средина на првиот дел, кога Жан-Филип Матета во 21-та и Џордан Ају во 36-та двапати погодија во мрежата на „карамелите“, но Евертон не се предаде и во вториот дел направи пресврт за паметење.

Мајкл Кин во 54-та го врати Евертон во мечот, Ришарлисон на 15 минути пред крајот обезбеди најмалку бод, а пет минути пред крајот Доминик Калверт-Луин со гол донесе огромна победа после која „карамелите“ се на 39 бода, недостижни плус четири во однос на Лидс кој е прв во црвената зона со 35 гола.