
Евертон со огромни три бодови си заминува од Лондон (ВИДЕО)
Избраниците на Карло Анчелоти први стигнаа до водство, и тоа во првата минута преку Калверт-Луин, но потоа Фулам ја врати неизвесноста преку Рид (1-1).
Сепак, „карамелите“ тргнаа со сите сили кон голот на домаќинот и преку Калверт-Луин и Дукуре зголемија на 3-1.
Кавалеро за момент беше трагичар, откако промаши пенал во 68. минута, но само две минути подоцна Лофтус-Чик намали на 2-3. Меѓутоа, Фулам немаше сила да освои барем бод.
Евертон по девет одиграни меча има 16 бодови и се наоѓа на делба на петтата позиција со Саутемптон.