Евертон се спаси во 96.минута: Мајсторија на Лука Дињ за реми (ВИДЕО)

Евертон и Вотфорд одиграа возбудлив натпревар во рамки на 16.коло во Премиерлигата, што заврши без победник 2-2. 

„Карамелите“ се спасија од пораз пред своите гледачи на „Гудисон Парк“ дури во 96-тата минута, а херој на домашните беше левиот бек Лука Дињ, кој постигна мајсторски гол од слободен удар. Претходно Ричарлисон го доведе Евертон во водство од 1-0 во 15-тата минута, но гостите направија целосен пресврт во вториот дел.

Шејмус Колмен најпрво си постигна автогол во 63-тата минута, а само две минути подоцна Вотфорд поведе преку Абдулае Дукуре. Возбудливте неколку минути на „Гудисон“ го заокружи Гилфи Сигурдсон, кој во 67-та минута не реализираше пенал за домашните.

Сепак, на Евертон му се насмевна среќата во 96-тата минута кога Дињ погоди за 2-2 од слободен удар.