Евертон подобар од Брентфорд за прв триумф сезонава (ВИДЕО)

Фудбалерите на Евертон конечно триумфираа во Премиерлигата, откако денеска беа подобри од Брентфорд на незгодното гостување со 3-1.

Докуре беше стрелец на првиот погодок на „карамелите“ во шестата минута од натпреварот, додека единствениот гол за Брентфорд го постигна Јенсен во 28. минута.

Евертон го шокира домаќинот двапати за четири минути преку Тарковски и Калверт-Луин во вториот дел и ги освои бодовите.

Екипата од Ливерпул има четири бода на 15. место на табелата, додека Брентфорд е на 12. место со шест бодови.