Ендрик нема среќа, повторно се повреди!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик заработи нова повреда која ќе го одалечи од теренот уште неколку недели.

Ендрик не беше ни вратен во игра од претходната повреда, а веќе заработи нова поради која го очекува дополнителна пауза.

Реал Мадрид не е погоден многу од оваа повреда бидејќи ова лето го открија Гонзало Гарсија кој имаше одличен настап на Светското клупско првенство.

Но, проблем е за Ендрик кој сака да игра и да докаже дека заслужува место во стартниот тим на Реал Мадрид.