Ендрик дебитира со гол и го однесе Лион во осминафинале на Купот на Франција (ВИДЕО)

Лион се пласира во осминафинале на Купот на Франција, откако славеше со 2-1 против Лил, а херој во победата беше Бразилецот Ендрик.

Младиот фудбалер пристигна на позајмица во Лион, откако не добиваше шанса во Реал Мадрид, па веднаш го покажа својот квалитет и дебитира со погодок за седумкратниот француски шампион. 

Ендрик ја искористи асистенцијата од Корентин Толисо во 42. минута и веднаш со гол најави дека ќе биде големо засилување за Лион.