Мбапе покажа непочит кон Барселона и ја „запали“ цела Шпанија (ВИДЕО)

Барселона триумфира против Реал Мадрид со 3-2 во финалето на Суперкупот на Шпанија, а по мечот се случи необичен потег поради кој навивачите жестоко го критикуваат Килијан Мбапе.

По мечот, „кралевите“ требаше да останат покрај теренот за да покажат почит кон ѕвездите на Барселона, но Мбапе се налутил и решил да ги разбрка своите соиграчи.

Новинарот Алфредо Мартинез објави дека Мбапе им посочил на неговите соиграчи веднаш да тргнат кон соблекувалната и да не присуствуваат на моментот кога фудбалерите на Барселона го креваат пехарот.