„Резервната“ постава на Денвер ги преслуша Јанис и компанија (ВИДЕО)
Тимот од Колорадо има и три порази, но апсолутно никој не очекуваше дека ќе има позитивен резултат без својот најдобар играч. Кога ќе се додаде дека покрај Јокиќ, ги немаше Кам Џонсон, Џамал Мареј и Кристијан Браун, како и Јонас Валанчиунас, победата е уште поимпресивна.
Само Арон Гордон од стартната петорка беше на паркетот и одигра одличен натпревар. Постигна 23 поени, а токму тој ги погоди клучните слободни фрлања што го запечатија триумфот на Нагетс. Само Тим Хардавеј Џуниор беше поефикасен со 25 поени.
Пејтон Вотсон исто така одигра значајна улога, а Дејвид Аделман го користеше како некој вид замена за Јокиќ. Тој беше оној што создаваше кратки отворања и го хранеше Хардавеј на тројки и Гордон под кошот, а Брус Браун го стори истото од клупата. Досега, Вотсон беше само добар дефанзивец и спортист, но во отсуство на Јокиќ покажа дека може да биде тајно оружје на Аделман.
Што се однесува до Бакс. Јанис го направи она што се очекуваше од него. Постигна 31 поен, подели 11 асистенции и освои осум скока, но по којзнае кој пат, недостасуваше сериозна поддршка. Мајлс Тарнер постигна 16 поени, Еј Џеј Грин и Боби Портис имаа по 14, Кајл Кузма 11, а Кевин Портер 10. Наместо Бакс да доминираат, тие само ја поттикнаа желбата на Адетокумбо да биде трејдуван.
Денвер има две гостувања пред себе, против Њу Орлеанс и Далас. Јокиќ би требало да се врати за две недели, особено ако сака да остане во конкуренција за неговата четврта награда за најкорисен играч. Ако не, сосема е можно дека ќе му треба повеќе време да се врати во идеална форма пред повторно да заигра, особено ако неговите соиграчи продолжат да играат како против Милвоки.
РЕЗУЛТАТИ
Сакраменто - Хјустон 111-98
Голден Стејт - Атланта 111-124
Денвер - Милвоки 108-104
Феникс - Вашингтон 112-93
Минесота - Сан Антонио 104-103
Оклахома - Мајами 124-112
Портланд - Њујорк 114-123
Торонто - Филаделфија 116-115
Мемфис - Бруклин 103-98
Орландо - Њу Орлеанс 128-118