Каква доминација: Ѓорческа ја згази четвртата носителка и оди во второто коло во Мелбурн
За само 62 минути игра, Лина славеше со 2-0 (7-5, 6-0), демонстрирајќи дека се наоѓа во одлична форма пред Гренд слемот во Мелбурн. Краус е 94 позиции подобро пласирана од нашата тенисерка што му дава дополнителен шмек на триумфот.
Интересно е тоа што Австријката прва направи брејк на овој меч и поведе со 3-2, а предноста ја однесуваше до 5-3 по што сервираше за водство од 1-0 во сетови. И потоа почна невидената доминација на Ѓорческа. Откако се најде во позиција да го загуби првиот сет, таа освои десет гема во низа за голем триумф на стартот на квалификациите.
Во второто коло од квалификациите, таа ќе се сретне со Зиданшек од Словачка која ја победи Понше со 2-0, а се наоѓа на 151. место на ВТА листата.