Ен Несири со хет-трик го суреди Кадиз (ВИДЕО)

Мароканскиот напаѓач на Севилја, Јусеф Ен Несири со хет-трик сам го победи вечерва Кадиз (3-0) за да ги искачи андалузијците на третото место во Ла Лига со два бода повеќе и меч повеќе од Барселона и да дојде на бод од второпласираниот и актуелен првак Реал Мадрид.

Ен Несири прашањето за победата го реши за четири минути кога после пола час игра, погоди двапати во мрежата на противникот, прво во 35-та, а потоа и во 39-та минута, за во 62-та да го запечати триумфот со трет гол.

Погоди Мароканецот уште еднаш три минути откако стигна до хет-трик, но четвртиот погодок ВАР му го поништи од офсајд.

За Кадис ова беше седми пораз сезонава и овој клуб остана на деветото место со 24 бода, но и со лоша серија во која е западнат откако има само еден триумф во последните шест меча, а ова им беше втор пораз во низа.