Елмас со асистенција му помогна на Наполи за нов триумф (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одличен меч за Наполи и имаше една асистенција во победата од 3-1 против СПАЛ.

Мертенс донесе водство во четвртата минута за Наполи, по што СПАЛ израмни на 1-1. Веднаш потоа Елмас со одлична асистенција му намести гол на Калјехон.

Наполи во 78. минута успеа да постигне и трет гол, со што ги постави конечните 3-1 за нови три бода во Серија А.

Екипата на Елмас во моментов има 45 бодови, односно три помалку од Рома и три повеќе од Милан.

Останати резултати:

Сампдорија – Болоња 1-2
Сасуоло – Верона 3-3
Удинезе – Аталанта 2-3