Елмас се прости од Фенер со двеминутен видео-клип: Секогаш ќе бидете во моето срце!(ВИДЕО)

Македонскиот бисер Елиф Елмас и официјално денеска треба да стане нов фудбалер на Наполи, откако турски Фенербахче вчера го потврди трансферот, па после лекарските прегледи македонскиот бисер ќе стане клупски рекордер на Фенер и македонски рекордер со висината на трансферот од 16 милиони евра плус бонуси и процент од следна продажба.

Фенербахче на заминување за Елмас подготви двеминутен клип, во кој македонскиот бисер им се заблагодари на навивачите за поддршката, на клубот за шансата и им порача – никогаш нема да ве заборавам и секогаш ќе бидете во моето срце.

„Дојдов од Македонија да играм во најголемиот турски клуб. Овие величенствени бои секогаш ќе бидат со мене. Никогаш нема да ги заборавам навивачите, а се надевам на повторна средба во иднина. Никогаш нема да го заборавам мечот со Галатасарај, за тој дуел сонував од дете и среќен сум што дадов гол, што навивачите беа среќни. За нив секогаш ќе бидам Елмас. Никогаш нема да ве заборавам и секогаш ќе бидете во моето срце“