Елче ја продлабочи кризата на Валенсија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Валенсија го запишаа третиот пораз во последните четири меча во Ла Лига, откако денеска загубија на гостувањето кај Елче (0-1).

„Лилјаците“ напаѓаа во најголем дел од натпреварот и создадоа дури 22 шанси, но Елче преку Лукас Сепеда во 73. минута го матираше Столе Димитриевски за конечни 1-0.

Валенсија остана на 14. позиција во лигата со 35 бодови, додека Елче со овој триумф скокна до 16. место и има 32 поени.