
„Ел Мундо Депортиво“: Во Суперлигата ќе се приклучат и германските и француските клубови
Сепак, шпанскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ од свои извори дознава дека Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и ПСЖ наскоро исто така ќе има се приклучат на 12-те елитни клубови во Суперлигата.
Тие ќе треба да ги пополнат 15-те загарантирани места во натпреварувањето, а дополнителните пет клубови ќе бидат вклучувани по пат на квалификации. Иако УЕФА им се заблагодари на француските и германските клубови што веднаш не се приклучија во Суперлигата, тоа не значи дека овие клубови ќе останат имуни на големите пари кои им следуваат.
Многу француски клубови, освен ПСЖ, водат правна битка со Лига 1 поради предвременото прекинување на ланската сезона, кога загубија огромни пари, а не беа обештетени како што очекуваа. Нема да биде изненадување ако тимови како Олимпик Марсеј, Лион и Монако решат да се вклучат во проектот, а истото важи и за германските клубови.
Сепак, загарантирани 350 милиони евра секоја сезона... не се малку пари.