„Ел Чирингито“: Барса подготвила неверојатна понуда за Мбапе

Иако Килијан Мбапе веќе подолг период се поврзува со светки рекорден трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид, според шпанската емисија „Ел Чирингито“, една од најпознатите за фудбалот во Шпанија, Барселона е решена да им ги урне сите планови на мадриѓаните со неверојатна понуда за француската суперѕвезда.

Според некои најави Реал Мадрид сакал за 300 милиони евра да го купи Мбапе, ама сега Барселона откако не успеа да го врати летоска Нејмар во своите редови, се откажала од Бразилецот и го посакуваат брзоногото крило за кое нудат пати плус две фудбалски суперѕвезди – Осман Дембеле и Ентоан Гризман.

Дембеле во Барса дојде во 2017 година за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд, а Гризман летоска за 120 милиони евра. Севкупно двоецот чини 225 милиони. И на таа сума плус Барселона нуди уште 120 милиони евра во кеш. Или целиот ангажман би изнесувал скоро 350 милиони евра.

Останува да се види дали Барса ќе испрати конкретна понуда до Париз, за да не остане ова само на приказна дека се подготвува со џиновска понуда, но прашање е дали парижаните ќе сакаат да го продадат Мбапе, зашто од поодамна најавуваат дека сакаат да го задржат на подолг рок. Французинот има договор до јуни 2022 година.